Баскинг е начин да се забавуваат луѓето на најразличен, спонтан и прифатлив начин.Ретко, баскерските изведби можат да се опишат пред да бидат искусени.
Организатори

Нејзината главна цел е подршка и развивање на нови генерации локални артисти, особено улични артисти.Таа настојува да стане една од првите организации за улична уметност на балканот.
Организацијата е основана како резултат на 27 годишното искуство на нејзиниот директор г-динот Пане Темов стекнато на видни фестивали и кабареа низ целиот свет како артист, но и како продуцент.

Почетоците на "fuzz bubble" датираат од 1997 год. кога група на млади ентузијасти, посветени на жонглирањето и акробатиката, одличија да ги здружат своите креативни енергии и да ги поделат со останатиот свет. Активностите што следееа, а и стекнатото искуство резултираше од трансфомација од неформална група во официјална асоцијација на граѓани "fuzz bubble".
Денес "fuzz bubble" има 23 членови од цела Македонија. Како прва професионална група на артисти - жонглери во Македонија, нејзините членови постојано тренираат и ги подобруваат жонглерските и акробатските вештини со учество на различни конференции, семинари, собири и слично.
За фестивалот.
Со помош на вештината на некои од најдобрите артисти од светот, а истовремено и со уличните артисти од Македонија, фестивалот ќе понуди многу улична забава каде гледачите ќе бидат исто толку активни како и артистите.
Преку ова градот Скопје ќе се здобие со инвентивна, енергетична и долготрајна забава која ќе допринесе да се направи чекор напред за тој да добие имиџ на европски град.
Истовремено, тоа ќе ја подигне свеста за значењето и вредноста на уличната уметност и секако ќе ја промовира македонската уметност пред националната и интернационалната публика.
Тоа е фестивал за целото семејство.Тука нема плаќање на билети, единствената цена е преценетиот допринос во капата на артистите, од страна на гледачите, на крајот од шоуто.

Затоа би ви препорачал да не го пропуштате годишниов баскерфест, кои ке се одржи на Градскиот плоштад и на улица македонија.

No comments:
Post a Comment